Насловна / Вести / АДИНГ со два нови маркети на две нови локации во Скопје

АДИНГ со два нови маркети на две нови локации во Скопје

Деновиве се отворени две нови малопродажни места на АДИНГ, на две нови локации во Скопје во населбите Автокоманда (во близина на Ветеринарна болница) и Усје (пред главниот влез на Титан Цементарница Усје). Двете новоотворени продажни места, како и постоечкото продажно место во населба Ѓорче Петров понатаму ќе работат под брендот АДИНГ МАРКЕТ.

4_resize

6_resize

Со проширување на малопродажните места, компанијата се доближува на потрошувачите од малопродажниот сегмент на главниот град, со делот од производната програма кој е наменет за широка употреба правејќи ги подостапни од претходно. Во нив ќе биде понудена и широка палета од останати градежни материјали, градежен алат, градежна опрема, електрика, водовод и сл.

5_resize

Од програмата на АДИНГ, овде можат да се најдат дел од групата Адитиви за бетони и малтери, Смеси за залевање, Хидроизолациони материјали, Градежни китови, Градежни лепила, Подни системи, Боја и заштита за бетони, Смеси за израмнување, Декоративни премази, Фасадни материјали и останато.

АДИНГ е компанија за производство на хемиски материјали за градежништвото од 1969 година, лидер во својата област на пазарите во Југоисточна Европа.

АДИНГ МАРКЕТ 1 – НА СТАРАТА ЛОКАЦИЈА ВО НАСЕЛБА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

АДИНГ МАРКЕТ 2 – ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ТИТАН ЦЕМЕНТАРНИЦА, НАСЕЛБА УСЈЕ

АДИНГ МАРКЕТ 3 – СПРОТИ ВЕТЕРИНАРНАТА БОЛНИЦА, НАСЕЛБА АВТОКОМАНДА

1_resize

2_resize

3_resize

Н

Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top