Насловна / Вести / Србија се насочува кон зелената економија

Србија се насочува кон зелената економија

Владата на Србија, на својата последна седница усвои четири законски предлози од областа на енергетиката и рударството. Станува збор за предлозите на Законот за енергетска ефикасност и рационално користење на енергијата, Законот за користење на обновливи извори на енергија, измени и дополнувања на Законот за енергетика, како и измени и дополнувања на Законот за рударство и геолошки истражувања. Новата правна рамка, ќе и овозможи на српската влада нови вложувања и насочување на Србија кон зелена енергетика и зелена економија.

Srbijavlada

Испрати коментар

Scroll To Top