Во Кралската академија на уметности во Лондон во тек е изложба посветена на светски прославениот архитект Ренцо Пиано. Изложбата се одржува од 15 септември 2018 до 20 јануари 2019 година. Кралската академија има за цел да ја одбележи 50-годишната пионерска работа на Ренцо Пиано, архитект кој го дизајнираше парискиот центар Помпиду и на Лондон му го даде објектот The Shard. Изложбата изобилува со ретко видени цртежи, модели, проекти и макети потпишани од овој голем архитект. Оваа изложба е прво истражување на делото на Ренцо Пиано, организирана е во соработка со самиот архитект и неговата работилницата и Фондација Ренцо Пиано.


The Shard, Лондон

Центарот Помпиду, Париз

Parco della Musica, Рим

Зградата на The New York Times, Њујорк


Музејот на американската уметност Whitney во Њујорк
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија