Насловна / Архитектура / Куќа зад зелен кров која на природата и го враќа земеното

Куќа зад зелен кров која на природата и го враќа земеното

Несомнено е дека House Behind The Roof е потполно оправдана со конструктивниот склоп и дизајнот. Таа е во околината на Краков како дел од комплекс од десет независни куќи чиј понатамошен развој се очекува.

House-behind-the-roof-naslovna

Поради динамичниот развој на градот се повеќе слободни делови околу полскиот град се трансформираат во нови станбени области. Со цел да не се загрозува животната средина и земајќи го во предвид идниот развој на домувањето, архитектонската фирма Superhelix Pracownia Projektowa имаше еколошки пристап кон дизајнот. Затоа, северниот покрив е покриен со зеленило, додека соларните панели се наоѓаат на сончева јужна страна.

House-behind-the-roof-06-782x521

Кога се градел зелениот покрив дефинитивно поедноставна верзија била тоа да биде на традиционалниот рамен покрив. Сепак, локалните закони не го дозволувале тоа и морало покривот да се прави под наклон од 45 степени, кој е поскапо решение. Со ова решение површината на покривот е поголема отколку што би била со рамен покрив, а со тоа може да се каже дека на природата и е вратено повеќе зеленило отколку што е уништено.

Карактеристичен сегмент на куќата е и кровната конструкција изработена од ламинирано дрво, кое продира во внатрешноста на зградата.

House-behind-the-roof-03-782x1173

Во Superhelix Architectural Studio, кој го потпишува овој проект, големо внимание секогаш се фокусира на материјалните промени со текот на времето. Така, фасадата на куќата е покриена со незаштитени црвени кедриски плочи кои ќе ги патипат со текот на времето и ќе добијат убава сребрено-сива нијанса.

House-behind-the-roof-04-782x782

За зелен покрив, исто така, не е потребна посебна грижа. Растенија не бараат дополнително наводнување, а северно-ориентираната позиција на палубата на покривот им овозможува на растенијата да ја задржуваат влагата.

Куќата е правоаголна, со површина од 189 квадратни метри.

House-behind-the-roof-05-782x521

Поради слабо организираниот приградски јавен превоз, жителите на населбата главно го користат својот сопствен превоз, така што гаражата е организирана во рамките на куќата, во близина на дневната соба и кујната. Гостинската соба, тоалетот и помошните простории исто така се наоѓаат на приземје.

На првиот кат има спална соба со гардеробер и бања, две детски спални, како и соба за игри, која може да се прилагоди на дополнителна детска соба ако семејството се шири.

House-behind-the-roof-01-782x1028

House-behind-the-roof-10-782x1173

House-behind-the-roof-11-782x1173

Еден коментар

  1. Кров што вреди колку три куќи во Македонија

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top