Насловна / Архитектура / 99FILES за медерното и бруталистичкото архитектонско наследство

99FILES за медерното и бруталистичкото архитектонско наследство

Лабораторијата Landscape_in Progress при Универзитетот Медитеранеа во Реџо Калабрија го започнува проектот 99FILES, преку отворен повик (наменет за студенти, професори, уметници, професионалци, итн.) со интенција да развие размисли за медерното и бруталистичкото архитектонско наследство, со фокус на балканските земји.

мк5
Целта е да се пополни празнината генерирана од хегемонијата на западната архитектонска култура во втората половина на дваесеттиот век, маргинализирајќи го ова богато незаштитено наследство, коешто денес постои ризик да биде избришано, како резултат на транссформативни процеси, особено во областа на поранешна Југославија.
Иницијативата има намера да стимулира поинакво гледање на ова наследство, ослободувајќи го од негативната конотација, производ на идеолошките остатоци, со тенденција да трасира различни интерпретативни насоки на една значајна фаза од развојот на архитектонската мисла.
Градовите од балканскиот регион претставуваат значаен ресурс за истражување, преку нови визии, способи да ја препознаат улогата на оваа архитектонска продукција којашто претставува последна урбана утопија од XX век.

мм1

Фокус на првото издание е Скопје, главен град на Р. Македонија, симболичен пример за современата архитектура и актуелните динамики за развој и трансформација на балканските земји, каде трагите на овие процеси се јасно присутни.
Целта на повикот е да конструира Оперативен Архив којшто ќе колекционира цртежи, фотографии, видеа и текстови за модерното и бруталистичкото архитектонско и културно наследство на балканските земји.
Материјалите селекционирани од анонимни ревизори ќе бидат дел од двојазична ПУБЛИКАЦИЈА и патувачка изложба што започнува во МСУ-Музеј на Современа Уметност во Скопје.
Повеќе информации на: http://landscapeinprogress.unirc.it/99filesmk/

мм3

Испрати коментар

Scroll To Top