Насловна / Вести / 65. роденден на една од најславните фотографии во поп културата

65. роденден на една од најславните фотографии во поп културата

Филмската романтична комедија на Били Вајлдер „Седум години верност” (The Seven Year Itch), адаптација на истоимената бродвејска претстава на Џорџ Акселро, прослави 65. роденден. Премијерно е прикажана на 1. јуни 1955. година, а истиот ден главната глумица го прославувала 29. роденден. Главните улоги во ова остварување на 20th Century Studios ги понеле прочуената холивудска убавица Мерилин Монро и глумецот Том Јуел. Приказната е сместена на Менхетн и говори за Ричард Шерман, кој во лето ги испраќа жената и синот на одмор и останува дома сам. Иако ужива во моментитите на самотија,  решен е да остане верен на жената. Но, дали ставот на овој сопруг се менува, кога на катот погоре се доселува неконвенционална раскошна плавуша?

5_resize

Том Јуел је за улогата на Ричарда 1956. година ја добил наградата „Златен глобус”, додека  Били Вајлдер бил номиниран од „Directors Guild of America” за најдобар режисер. Неговата желба била филмот да се сними црно-бел, но природата на договорот на Мерилин била таква, што морал да биде во боја. Сметала дека изгледа попривлечно и погламурозно во филмови во боја.

Најпрочуената сцена на овој филм и воопшто една од иконичните сцени во филмската индустрија, е онаа во која налетот на воздухот од подеземната железница го подига фустанот на Мерилин. Сцената прво е снимана на Авенија Лексингтон на 15. септември 1954. во еден часот по полноќ. Тогаш околу сетот се собрале 5.000 набљудувачи кои викале и свиркале, секој пат кога екипата се обидувала да го сними кадарот, поради што Мерилин го заборавала текстот. Таа оригинална снимка сепак не влегла во филмот. Буката која ја правеле луѓето била преголема и неупотреблива. Вајлдер ја рекреирал сцената на „Фоксовата” реплика на Авенијата Лексингтон и добил подобар резултат. Сепак, на Мерилин и биле потребни 40 обиди да ја сними.

4_resize

Во едно интервју од 2006. година откриено е дека создавањето медиски циркус поради снимањето на оваа прочуена сцена, била идеја на Вајлдер. Меѓутоа, тоа го разбеснело тогашниот сопруг на Мерилин, Џое Димаџо и кавгата на партнерите завршила со развод. Тој не се согласувал да биде подигнат фустанот на неговата сопруга во филмот.

1_resize 3_resize

И покрај тоа што е една од најславните фотографии во историјата на поп културата, како и една од напрепознатливите фотографии на Мерилин Монро, како стои со раширен, подигнат фустан, овој кадар всушност не се појавува во филмот. Во него се гледаат само нозе.

Раните осумдести 20th Century Studios, планирал да направи римејк на ова дело. Се шушкало дека Ал Пачино би го играл Ричарда Шермана, а Мелани Грифит девојката. Сепак, проектот никогаш не е реализиран.

Испрати коментар

Scroll To Top