Светскиот ден на животната средина е предводен од Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP), кој се одржува секоја година од 1973 година. Прерасна во најголема глобална платформа за ширење на свеста за важноста на зачувувањето на животната средина, односно за актуелните проблеми како што се загадувањето на воздухот, загадувањето со пластика, нелегалната трговија со диви животни, одржливата потрошувачка, зголемувањето на нивото на морето, безбедноста на храната итн.

Над 150 земји се вклучени во одбележувањето на овој ден, со десетици милиони луѓе кои учествуваат преку интернет и преку активности, настани и акции во живо низ целиот свет. Поддржан е од многу невладини организации, компании, владини субјекти, како и од Обединетите нации со нивната програма (UNEP – United Nation Environment Programme), во заедничка акција за заштита на животната средина.

На овој ден, низ целиот свет се организираат разни настани и активности, како што се кампањи за садење дрвја, акции за чистење, еколошки иницијативи и образовни програми за подигање на свеста за еколошките прашања. Светскиот ден на животната средина е важен потсетник за критичната улога што сите ја играме во заштитата на нашата планета и обезбедувањето одржлива иднина за идните генерации.
Па така денес во Македонија над 15 граѓански организации и иницијативи, по повод денот на заштитата на животната средина ќе поднесат формална претставка до Владата на Република Северна Македонија, со која бараат итна акција за репрогласување и заштита на Националниот парк Маврово во согласност со законските одредби.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија