Насловна / Архитектура / „Мониторинг на македонското модернистичко наследство“

„Мониторинг на македонското модернистичко наследство“

Лансирана дигиталната база на податоци „Мониторинг на македонското модернистичко наследство“

Во  периодот  2024–2025  година, Македонскиот  Национален  комитет на ИКОМОС, во  партнерство  со  МАРХ – Македонска архитектура, го спроведе проектот „Мониторинг на  македонското модернистичко наследство“.

Кралска болница – Демир Капија

Експертски тимови на МНК ИКОМОС и МАРХ извршија мапирање, валоризација и анализа на состојбата  на  106 објекти  кои  се  дел  од  македонското  модернистичко  градителско наследство со висока културна и историска вредност низ целата земја.

Проектот се фокусираше на најраниот период од развојот на македонската  модернистичка  архитектура  од 1920 до 1945 год. Оваа  временска  рамка  ги  опфаќа  првите   модернистички   архитектонски  творби  во  Македонија и претставува  важна  основа  за  понатамошно  истражување  и  разбирање  на  архитектонските  текови  во  XX  век.

Занаетчиски дом Куманово

Теренските активности  беа  водени  според  посебно  креирана  методологија.  Истите  вклучуваа   собирање податоци   преку   пополнување   работни   обрасци   со   основни податоци за  градбите, опис на оргиналната и тековната  состојба, вредностите, нивото  на зачуваност на автентичноста и интегритетот, како и препораки за идни мерки, придружени со фотографии и GPS координати  од  градбите. Сите податоци се систематизирани  и документирани  во  дигитална  база  на  податоци  (на  македонски и англиски јазик), коај сега е   достапна за јавноста на официјалниот веб-сајт > https://mmmn.icomos.org.mk/.

Куќа Гајдова Велес

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top