Насловна / Архитектура / 3D печатење: Керамичка фасада какао ткаенина

3D печатење: Керамичка фасада какао ткаенина

Во срцето на Амстердам, Studio RAP неодамна го претстави својот најнов проект „Керамичка куќа“, кој претставува единствена синергија помеѓу традиционалната и современата архитектура. Овој проект е одличен пример како 3D печатењето може да донесе револуција во дизајнот на фасадите, давајќи им  изглед сличен на ткаенина. Проектот „Керамичка куќа“ е сместен во популарен дел на градот, односно подразбирал редизајнирање на фасадата на една луксузна продавница. Studio RAP за оваа цел ја користело технологијата на 3D печатење, слично на нивниот претходен проект  New Delft Blue. Со употреба на индустриска роботска рака со посебно дизјаниран екструдер, авторите создале керамички плочки со димензии 40x20cm. Овие плочки потоа се глазирани и печени, со што добиле својства на вистинска керамика, а потоа се монтирани на фасадата. Така се добиени елегантни форми со набори, како и испреплетени облици. Фасадата има брановит изглед кој се менува во зависност од аголот на набљудување. Притоа, дизајнот е внимателно ускладен со околните згради.

ceramic1

ceramic2

ceramic3

ceramic4

Испрати коментар

Scroll To Top