Насловна / Вести / 27-ми јуни 1954: Отворена првата нуклеарна електрана на светот

27-ми јуни 1954: Отворена првата нуклеарна електрана на светот

Првата нуклеарна електрана во светот поврзана на електроенергетската мрежа, станала оперативна во јуни 1954 година. Станува збор за нуклеарката во Обнинск (периферија на Москва), во поранешниот СССР. Овој нуклеарен рекатор за производство на електрична енергија го етаблира Обнинск во главен советски научен град (статус кој го задржува и денес во Руската федерација). Обнинск, град со 108.000 жители, има 12 научни институти и технички универзитет. Истражувањето е фокусирано на нуклеарна енергетика, нуклеарна физика, радиоактивност, неметални материјали, медицинска радиологија, метеорологија и заштита на животната средина.

Веднаш откако првата нуклеарна постројка станува оперативна, значаен дел од индустријализираниот Запад, но и земјите како Кина и Индија, ја прифаќаат оваа технологија. Сепак, до денес останува темната дамка зад оваа технологија, поради неколкуте нуклеарни катастрофи со далекусежни последици, продлабочувајќи ја расправата за сигурноста на овие постројки.

ussr1

USSR2

ussr3

Испрати коментар

Scroll To Top