Насловна / Арт и дизајн / Денес отварање на изложбата „Кимоно Инспирации“ на Благој Мицевски

Денес отварање на изложбата „Кимоно Инспирации“ на Благој Мицевски

По успешното претставување пред битолската публика, изложбата „Кимоно Инспирации“ на реномираниот костимограф и режисер, Благој Мицевски, доаѓа во Музеј на Град Скопје. Свеченото отворање ќе се одржи денес, 10 мај, со почеток во 19:30ч, а изложбата ќе биде достапна за скопската јавност до 14-ти мај.

Изложбата вклучува дизајнирани костими инспирирани од јапонското традиционално кимоно кои се повлечени од депото на Народниот театар од Битола од претстави во кои се играле, но исто така и кимона кои се направени токму за оваа пригода.

Со ова скопско издание на изложбата „Кимоно Инспирации“, организаторите на настанот, ПАГОДА, целат кон збогатување на културната програма на градот со повеќе настани во текот на годината со кои ќе се одбележат 30 години од воспоставување на билатерални односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Изложбата „Кимоно Инспирации“ претставува одличен приказ за тоа како јапонската култура директно ја инспирира креативноста кај нашите уметници и творци.

Свеченото отворање на изложбата ќе се одбележи со традиционална презентација на церемонија на чај со Јуко Сакагучи и музички настап на дуетот Стефана Марковиќ и Симе Златков, кои ќе отсвират јапонска музика на флејта.

Изложбата е поддржана од Јапонската Амбасада во Северна Република Македонија, а во организација на ПАГОДА.

ПАГОДА е здружение кое е оформено кон крајот на 2023 од членови на организацискиот тим кој стои зад двата Нихон-џи Фестивали за Јапонска Култура и делува самостојно, залагајќи се за негување значајни пријателства и славење на богатите култури помегу Македонија и источноазиските земји.

За авторот:

Благој Мицевски е костимограф, дизајнер, сценограф, режисер и уметнички директор. Дипломирал дизајн на текстил и облека на Технолошки факултет на Универзитетот во Загреб во 1991 година каде и ја започнува кариерата.

Добитник е на 14 награди за костимографија, а неговата богата кариера ја красат и бројни претстави. Неговата претстава „Без паника“ наградена со Гран При и една меѓу трите претстави во НТ Битола со 100 изведби. Соработувал со врвни режисери и театарски работници во Македонија, Балканот, но и пошироко.

Испрати коментар

Scroll To Top