Насловна / Арт и дизајн / 2019 беше убава година за љубителите на уметноста

2019 беше убава година за љубителите на уметноста

За љубителите на уметноста 2019 беше убава година, поради интересните поставки во музеите и галериите ширум светот. Во годината што измина можеа да се видат ремек делата на старите мајстори, изложби кои за прв пат се приредија, поставки кои одбележуваа важни годишнини и оние кои потсетуваат на славни современици. Ви претставуваме некои од најинтересните изложби во годината што измина.

Рембрант

рембрант

Во 2019 година се одбележа 350 годишнината од смртта на Рембрант. Во Амстердам во Rijksmuseum од 15. февруари до 10. јуни 2019 можеше да се погледне изложбата All the Rembrandts. Хајлајт на оваа импресивна поставка секако е најпрочуеното дело на Рембрант „Ноќна стража“, но тука беа уште 22 слики, 60 цртежи и 300 примероци на најдобрите принтови на уметникот (изработил вкупно 1.300).

Музејот ја реставрираше прочуената слика „Ноќна стража“, чија реставрација беше отворена за јавноста – заинтересираните имаа можност да го гледаат целиот процес на реставрација во музејот или онлајн на сајтот на музејот.

200 години од музејот Прадо

прадо

Најголемиот шпански национален музеј во 2019 година одбележа 200 години од основањето. Во ноември се отвори изложба  Museo del Prado 1819-2019. Изложбата A place of memory (Mузејот Прадо – место на сеќавање) се отвори на 3. октомври 2019 и претставуваше широк поглед на историјата на музејот кој се наоѓа во центарот на Мадрид. Основан е како Кралски музеј на сликарство и скулптура во 1819. година, Прадо денес во сопственост има колекција која ја сочинуваат  8.200 цртежи, 7.600 слики, 4.800 графики и 1.000 скулптури, и значителен број на други уметнички дела и историски документи.

Во колекцијата на музејот се голем број ремек дела на европската и шпанската уметност, како што се Гоја, Бош, Ел Геко, Рубенс, Тицијан, Веласкез и др.

Од Ван Гог до Пикасо

bilbao

Во еден од музеите на Гугенхајм во шпанскиот град Билбао, до 24. март 2019 беше отворена импресивна изложба која претставуваше импресивни дела на славната Thannhauser legacy колекција. Беше отворена кон крајот на септември, а колекцијата за прв пат беше претставена надвор од Њујорк. Поставката претставува околу 50 дела на најзначајните уметници на импресионизмот, постимпресионизмот и раната модерна. Покрај останатаите беа изложени дела на Сезан, Дега, Мане, Пикасо, Ван Гог и др.

Ренесансниот акт

ренесанс

Royal Academy of Arts, првата британска уметничка школа, 2019 одбележа 250 години од основањето и претстави низа интересни изложби. Една од нив е  The Renaissance Nude, која се одржа од 3. март до 2. јуни. Поставката го следеше развитокот на актаот во делата на големите мајстори на ренесансата. Односно како човечкото тело го виделе и презентирале Тицијан, Рафаело, Микеланџело, Леонардо, Дирер,…

Кристијан Диор – дизајнер на соништата

диор

Во британскиот музеј Викторија и Алберт подготвена беше голема изложба посветена на францускиот дизајнер Кристијан Диор. Изложбата беше можност посетителите да го видат наследството на францускиот дизајнер, неговото значење и влијанието на светот на модата.

Изложбата траеше до 14. јули и беше заснована на изложба предходно поставена во Музејот на декоративни уметности во Париз. Посетителите имаа можност да ги видат изворите на инспирација на Диор и неговата визја за женственоста, преку опусот на славниот дизајнер, како и најинтересните колекции со кои Диор ја обликувал европската мода.

Портрети на Гоген

гоген

Националната галерија во Лондон есента 2019 организираше изложба посветена на портрети на Пол Гоген. Многу дела на изложбата се од неговата подоцнежна фаза, од времето кога почнал да го напушта импресионизмот и да се врти кон симболизмот. Во серијата автопортрети претставил низа персонификации,  посебна претстава за себе изразил во платното  Christ in the Garden of Olives (Христ во градина со маслинки) кој е направен 1889. година.

Ретроспектива на Леонардо да Винчи

лео

Ренесансниот гениј Леонардо умрел на 2. април  1519. во дворецот Clos Luce. Последните три години од животот ги поминал во Франција, а делата кои ги донел со себе ги откупил Fransoa I. Фантастичните слики на Леонардо станале дел од кралската колекција, и биле зачеток на колекцијата на денешен Лувр заедно со уште 22 цртежа на уметникот.

Одбележување на 500 години од смртта на Леонардо беше единствена прилика за Лувр да приреди величенствен омаж – ретроспективна поставка на која се изложени пет слики од самиот Лувр, други слики и многу оригинални цртежи на уметникот. Ретропсективата претстави и најнови резултати од од истражувањата, критички изданија на клучни документи и интересни резултатаи на најнови анализи спроведени во лаборатории или во тек на наеодамнешни конзерваторски третмани во Лувр.

Големата и значајна изложба посветена на Лонардо да Винчи во парискиот Лувр (во салата Наполеон) отворена е на 24. октомври, а ќе трае до февруари годинава.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top