Насловна / Вести / Принц Вилијам: Планетата е на крстосница, награда за оној кој ќе понуди решение

Принц Вилијам: Планетата е на крстосница, награда за оној кој ќе понуди решение

Британскиот принц Вилијам предложи награда вредна повеќе милиони фунти, со цел да ги охрабри најголемите светски стручњаци да пронајдат решенија за  еколошките проблеми на Земјата, укажувајќи дека Планетата сега е на крстопат. Наградата Earthshot, е опишана како најпрестижна еколошка награда во историјата, и ќе биде доделена на петмина  победници годишно,  во текот на  следната деценија, со цел да се направат најмалку 50 решенија за најсовремените предизвици на светот, пренесува Ројтерс. „Земјата се наоѓа на пресвртница, и се соочуваме со сериозен избор: или ќе продолжиме како досега и неповратно ќе ја уништуваме нашата планета, или ќе с есетиме на своите единствени моќи како луѓе и нашите способности на водиме, да иновираме и да решаваме проблеми“, навел принц Вилијам во своето соопштение. Споре днеговите зборови, луѓето можат да постигнат големи работи, а следните 10 години претставуваат еден од најголемите тестови – деценија за поправање на Земјата.

William1

william2

william3

william4

 

Испрати коментар

Scroll To Top