Yearly Archives: 2008

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (51)

Книга 1 : Големите движења и мајстори - резимирани извадоци

В. Дефинирање и насоки (3)

Ад хок пристапот несомнено му придодава дух и разновидност на постмодерниот амбиент, кој во модерната станува с¢ похомоген. Овој пристап го вклучува и принципот на партиципација, при што архитектурата се доближува до вкусот и до кодовите на самите жители. За да се одржи контролата врз градбата како архитектонски производ, авторот секогаш додава нешто специфично ново. Ад хок пристапот овозможува архитектурата да не се губи во празен формализам, кој, според Џенкс, е толку очигледен во доцното творештво на В. Гропиус.

повеќе »

Условот за продолжување на стипендиите го исполниле 24 студенти

Image
Вкупно 41 студент од Градежниот факултет во Скопје лани доби стипендија од Фондацијата за стипендирање на студенти по градежништво и геодезија, основана од Факултетот и од неколку донатори во 2004 година. Од нив 24 ги исполнија условите паричната помош од Фондацијата да ја добиваат и оваа академска година. Или, од вкупно 13 стипендирани студенти од прва година правото да ги задржат средствата и во втора година го оствариле 11, од 9 во втора година условот го исполниле седум, од 11 стипендисти во трета година Фондацијата годинава ќе поддржи само 7 студенти.

Услов за задржување на стипендијата е сите испити да се положат заклучно со септемвриската сесија и тоа со просечна оценка над 8.

На состанок со донаторите деканот на Градежниот факултет Петар Цветановски посочи дека лани наместо 10, на студентите им се исплатени по 9 стипендии, за што причина е ненавремената уплата на средствата. Донаторите велат дека немаат намера да се повлечат од Фондацијата, но бараат да бидат потсетени кога треба да ја извршат уплатата.

повеќе »

Дечки, дечки, си фатив СО2!

Image

 

Канадските научници на прагот на колосално откритие

 

Научникот за климатски промени Дејвид Кит од Универзитетот на Калгари и неговиот тим работат на проект за ефективно зафаќање на јаглеродниотдиоксид директно од воздухот. Во своето истражување научниците покажале дека е можно да се намали количеството на јаглероден диоксид употребувајќи едноставна машина која го зафаќа гасот од воздухот на кое било место на планетата. СО2 е главниот стакленички гас кој придонесува за глобалното затоплување на Земјата.

повеќе »

Живот како во дивина

Image
ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ГОЛЕМО ГРАДИЛИШТЕ

Привршува изградбата на кафезот за тигрите широк 3.000 метри, а во тек е изградбата на местата за мечките, мајмуните, шумските животни, волците и за други. Се прави и вештачка река, која ќе тече низ повеќе живеалиш та, ќе раздвојува некои животни и ќе се користи за напојување. Ова се само дел од градежните активности што се одвиваат во Зоолошката градина, а кои траат веќе две години. Кога сето ќе се заврши таа треба да зали- чи на современите градини и да ги исполни високите стандарди предвидени од Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми - ЕАЗА. Живеалиштата што се градат треба да потсетуваат на природната средина од каде што потекнуваат животните.

Анастас Петров, директор на ЗОО градината, најави дека како што ќе завршува изградбата на секое живеалиште, така тоа ќе се населува. Тој истакна дека Зоолошката има 400 животни од 70 вида, кои засега се чуваат во помали кафези.

повеќе »

Велосипедистите ќе „шибаат” по нова патека

Се асфалтира новата велосипедска патека на кејот на реката Вардар, која се протега од Транспортниот центар до мостот кај хотелот “Холидеј ин”. Од градската управа истакнуваат дека патеката е долга 1.050 метри, а широка четири метри и дека се работи ...

повеќе »

НА „АХИТЕКТУРА СКОПЈЕ 2008”: Големата награда за Минас Бакалчев и Митко Хаџи-Пуља

Image
Наградата е доделена за Македонско - италијанскиот мултимедијален едукативен центар во склоп на Филолошкиот факултет “Блаже Конески”.

Архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи - Пуља се гподинешните добитници на Големата награда “Архитектура Скопје 2008” за Македонско - италијанскиот мултимедијален едукативен центар во рамките на Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје, реализиран годинава. Оваа награда за посебен придонес во архитектурата на главниот град годинава по јубилеен, десетти пат ја додели Град Скопје во рамките на одбележувањето на 13 Ноември.

повеќе »

ХОЛАНДСКИ ПРОЕКТ ВО ЊУЈОРК: Рем Колхас ќе гради несекојдневен објект на Менхетн

Холандската компанија “ОМА“ планира изградба на резиденцијален објект со несекојдневен дизајн. Холандскиот архитект од светски глас Рем Колхас го објави концептот на оваа фирма за резиденцијалната зграда на 23-тата улица на Менхетн. Станува збор за комплекс на луксузни апартмани кој ...

повеќе »

ИНТЕРВЈУ СО АРХИТЕКТ АЛЕКСАНДАР СМИЛЕВСКИ


Транзицијата е време

без стандарди за проектирање

 

Image 

 

ВРЕДНУВАЊЕТО НА МОДЕРНАТА АРХИТЕКТУРА, КАКО И ВРЕДНУВАЊЕТО НА АРХИТЕКТУРАТА ВООПшТО Е ПРАшАЊЕ НА

ИЗГРАДЕНИ КРИТЕРИУМИ И ЛИчЕН СТАВ КОН НЕА. СЕКАКО ДЕКА ВОМАКЕДОНИЈА ИМА ОБЈЕКТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ

ЗАчУВАМЕ ОД ЗАБОТ НА ВРЕМЕТО - ВЕЛИ АРХИТЕКТОТ АЛЕКСАНДАР СМИЛЕВСКИ КОЈ Е ОВОГОДИНЕшНИОТ 19-ТИ ПО

РЕД ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗАжИВОТНО ДЕЛО НДРЕЈА ДАМЈАНОВ#, шТО ЈА ДОДЕЛУВА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА

АРХИТЕКТИ НАМАКЕДОНИЈА (ААМ)

повеќе »

Роковите сепак не се најважни

Image
... РАБОТИТЕ НА БЕЛГРАДСКАТА ОБИКОЛНИЦА УШТЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА

Иако завршувањето на Белградската обиколница беше најавувано за 15 октомври, работите ќе потраат уште десетина дена - соопшти градоначалникот на Белград Драган Ѓилас, кој го обиколи градилиштето на потегот Орловача - Остружница, во друштво на министрите за инфраструктура и за националниот инвестиционен план Милутин Мркоњиќ и Верица Калановиќ. Делот од Секторот 4, кој ги поврзува Орловача и Остружница, е речиси готов, но преблем е изградбата на пристапните јазли.

- Не можеме да ги обвинуваме ни изведувачите ни работниците за пробивањето на рокот, затоа што овие луѓе вредно работат полни три смени секој ден, рече Ѓилас.

повеќе »
Scroll To Top