Насловна / Вести / 15 години од последниот лет на Конкорд: Подемот и падот на познатиот авион

15 години од последниот лет на Конкорд: Подемот и падот на познатиот авион

Пред точно 15 години, славниот Конкорд го имаше својот последен лет. Беше тоа еден од само двата надзвучни патнички авиони во историјата, но со оглед на краткиот оперативен век на рускиот Тупољев Tu-144, и практично единствениот кој со години се користеше во комерцијалните летови. Замислен и реализиран како заеднички проект на Велика Британија и Франција, по што и го добива името (француски concorde – спогодба), авионот беше симбол на едно време.

После неколку години развојна фаза, елегантниот авион прв пат полета во 1969 година, но требаше да поминат уште седум години пред да започне со комерцијални летови во флотите на Бритиш Ервејз и Ер Франс. Со максимален капацитет од 128 лица, Конкорд беше резервиран само за патниците со подлабок џеб и за превоз на ексклузивен товар, како на пример дијаманти или органи за трансплантација. Во Конкорд храната била значително поквалитетна отколку во другите авиони, патниците биле служени со шампањ, а најважно од се пружал речиси совршен лет, кој никој друг не можел да го обезбеди. Лет на височина оо над 18 километри, при максимална брзина од 2.180 километри на час. Само за споредба, тоа е побрзо и повисоко од летовите на F-16, барем според официјалните податоци.

Затоа, не е чудно што Конкорд и натаму го држи рекордот за најбрз комерцијален прекуокеански лет – 2 часа 52 минути и 59 секунди, колку што им требало на пилотите на Бритиш Ервејз во 1996 година за патот од Лондонски Хитроу до JFK во Њујорк. Но, овие рекорди изискувале страшно многу гориво, односно значително поголема специфична потрошувачка по превезен патник по километар (осум пати повеќе од Boeing 777). Пробивањето пак на звучниот ѕид, освен престиж било и проблем. Многу аеродроми не сакале да примат Конкорди поради реакциите од околното население на големата бучава.

concorde1

concorde4

concorde6

concorde7

Испрати коментар

Scroll To Top