Насловна / Вести / Јапонски минимализам и украинска естетика

Јапонски минимализам и украинска естетика

Во прашање е проект на украинскиот архитект Sergey Makhno, а всушност се работи за негов стан во Киев, кој го дизајнирал за своето семејство и во овој простор ги поврзал јапонската естетика и украинската традиција. Овој познат и почитуван архитект дизајниран го дизајнирал станот со цел да направи проект во кој треба да се комбинираат класичниот јапонски минимализам и украинската естетика. Дизајнот, кој се простира на 175 метри квадратни, се темели на јапонскиот концепт на Wabi Sabi, филозофија која доаѓа од будистичкото учење кое го почитува концептот на краткотрајност и несовршеност, но, исто така, ги нагласува природните елементи.кијев (8)

Станот има покривна тераса, отворен дневен престој, кујна и трпезарија, како и бројни парчиња на мебел специјално дизајнирани за апартманот на Makhno. Палетата на темни бои и груби текстури се користат за да се поттикне мирното и медитативно расположение, а посебно релаксирачки елемент во целиот проект се природните материјали кои преовладуваат во целиот простор.кијев (6)

Секако дека во овој апартман секој би сакал да го помине слободното време или да живее. Инаку, студиото Sergey Makhno Architects ја доби наградата за најдобар дизајн на International Property Awards за 2017 – 2018 година. Значи, не е изненадување што дизајнот на неговиот приватен простор е едноставно спектакуларен.кијев (7) кијев (5) кијев (4) кијев (3) кијев (1) кијев (2)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top