Насловна / Арт и дизајн / 10 познати столици и нивните крeатори

10 познати столици и нивните крeатори

Дизајнот на столици отсекогаш бил фокус на интересирање на познати архитекти и дизајнери. Во широкиот спектар на ова парче мебел тешко е да се одберат најдобрите, но овие 10 секако се едни од најзначајните и напрепознатливите столици, кои се составен дел на многу ентериери.

Антонио Гауди – Calvet

Антонио Гауди (1852.-1926.) бил уверен дека клучот на совршенството е сокриен во природата, па тамо ги барал и дизајнерските решенија. Меѓу најпознатите производи кои ги дизајнирал Гауди е стоицата Calvet (1900-1901). Направена е од даб и се наоѓа во салата за состаноци во куќата Calvet.

gaudi

Ле Корбизје – Chaise Lounge

Ле Корбизје (1887. -1965.), најпознати парчиња од неговиот мебел се сега култните LC-Set и Chaise Lounge. Неговите парчиња мебели денес се важен детал во домовите, канцелариите, деловните простори ширум светот. Такво парче мебел е и Chaise Lounge (1928), направена од хромиран челик, сунѓер и кожа, а нејзината оригинална локација била Ville d’Avray и Salon D’Automne, Париз.

kurb

Лудвиг Мис Ван дер Рое – Barcelona

Лудвиг Мис Ван дер Рое (1886.-1969.), познат по својот пристап на екстремна јасност и едноставност и неговиот прочуен став „помалку е повеќе“, ја создал иконата на модерното движење, столицата Barcelona. Оваа столица е и признание на Мис за неизоставната врска која ја создавал помеѓу дизајнот и производството. Столицата Barcelona (1929) е од хромиран челик, кожни перничиња, нејзината оригинална локација е павилјонот во Барселона.

mis

Френк Лојд Рајт – 606 Barrel

Френк Лојд Рајт (1867.-1959.) кој верувал во дизајн кој е во склад со човекот и неговата околина, па така својата филозофија ја нарекол органска архитектура. Неговиот дизајн давал конечен изглед и на ентериерот на неговите објекти, создавајќи хармонија на материјали и димензии, како што е случај со неговата најпозната столица 606 Barrel (1937). Направена е од дрво цреша со пластично седиште, сунѓер и кожа. Оригиналната нејзина локација е куќата Herbert Johnsons во Wingspread.

rajt

Charles и  Berenika Eames – Eames Lounge Chair

Charles Ormond Eames, Jr. (1907.-1978.) и Berenika Alexandra “Ray” Eames (1912.-1988.) биле сопружници и пионери на современата технологија во производството, како што е мебел од плексиглас, столици од пластична смола и жичани, мрежни столици. Меѓу нивните најпознати парчиња е Eames Lounge Chair (1956). Направена е од шпер плоча и кожа, а оригиналната локација е Англискиот клуб и фабриката Herman Miller.

eames

Арне Јакобсен – Egg Chair

Арне Јакобсен (1902.-1971.) покрај тоа што бил продуктивен архитект, бил и продуктивен дизајнер. Како дизајнер правел протоипови за мебел, текстил, тапети и разни предмети. Како скулптор, Јакобсен прво обликувал јајце од глина во својата гаража, за да добие совршена форма, а резултатот кој го добил е единствена форма, која пружа апсолутна приватност во јавни простори. Конечниот производ е столицата Egg Chair (1951), направена од челична рамка и ткаенина. Оригиналната локација е Royal Hotel во Копенхаген.

arne

Марсел Броер – Wassily

Марсел Броер  (1902.-1981.) студирал на Баухаус во Вајмар на одделот за столарија. Инспириран од силата и флексибилноста на велосипедот, тој сакал да ги примени истите начела и конструкции на дизајнот на столици, па така до совршенство го довел неговото најпрепознатливо парче мебел, столицата Wassily (1925). Направена е од ладно валана, никлована цевка и ткаенина. Оригиналната локација е куќата на сликарот Василиј Кандински.

marsel

Филип Старк – Masters

Филип Старк (1949.- ) е еден од најпознатите современи дизајнери, чии производи можат да се видат во збирките на бројни европски и американски музеи. Неговиот пристап кон дизајнот е субверзивен, интелигентен и секогаш интересен. Еден од неговите најпознати дизајни е столицата Masters, направена од уктра-јак полипропилен, изведен со кривини, без видливи споеви и рабови. Оригиналната локациија е фабриката Kartell.

stark

Заха Хадид – Seamless

Заха Хадид (1950.-2016.) оставила неизбришлива трага во архитектурата. Флуидни форми и конструктивистичка естетика во знак на јарки бои и благи рабови се основни карактеристики на нејзините објекти и мебел. Нејзиниот скулптурален мебел дава чувство на движење и покажува одреден вид разиграност. Нејзиниот мебел се смета да своевидна уметност. Едно од најзначајните парчиња мебел е столицата Seamless (2006), направена од полистиренска смола и полиуретански лак. Оригиналната локација е фабриката Established and Sons.

zaha

Карим Рашид – Gemma

Карим Рашид (1960.-) е еден од најуспешните индустриски дизајнери денес, добитник на повеќе од 300 награди, чии креации се станати легендарни. Рашид дизајнирал повеќе од 3.000 парчиња во производство, а неговата работа може да се види во повеќе од 40 земји. Еден од највпечатливите продукти кои ги дизајнирал е стоицата Gemma (2013). Направена од поиетилен, столицата потсеќа на на форма на драг камен. За неа критичарите велат дека пружа совршена удобност и дека нејзината употреба е повеќекратна, како во надворешните така и во внатрешните простори. Оригиналната локација фабриката B-LINE.

karim

Испрати коментар

Scroll To Top