Насловна / Вести / Нови Сад добива нов научно-образовен центар

Нови Сад добива нов научно-образовен центар

Во Нови Сад ќе биде изграден нов научно-образовен центар за развој на напредни технологии, што претставува инвестиција на американската компанија Epic Games. Станува збор за проект на компанијата 3Lateral,  која е членка на Epic Games, една од водечките технолошки компании од областа на интерактивната забава.  Во близина на новосадскиот Универзитет ќе биде изграден центар за продукција во доменот на интерактивните медиуми и истражување и развој на технологии по светски стандарди, а за три до четири години на оваа локација ќе работат стручњаци од областа на уметностите и компјутерските технологии. Компанијата 3Lateral ја купила парцелата во Нови Сад на јавна лицитација.

3lateral1

3lateral2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top