Насловна / Вести / 1.000km домет и 500hp – Alpha 0 ги помести границите на водородниот погон

1.000km домет и 500hp – Alpha 0 ги помести границите на водородниот погон

Кога во 2019 година, професионалниот тркачки возач Оливер Ломбард ја основал компанијата „Хопиум“, пред себе имал јасна визија – да направи ефикасно возило на водороден погон, кое покрај тоа ќе биде и шампион во брзината. Опкружен со тим од стручњаци и имајќи го во предвид неговото драгоцено тркачко искуство, Ломбард со гордост дебитирал на манифестацијата Viva Technology во Париз, со својот прототип Hopium Machina Alpha 0. „Црниот убавец“, како што го опишале воодушевените набљудувачи, е дoказ дека водородот може да одигра значајна улога во транзицијата кон чистата мобилност. Како што се истакнува во соопштението на компанијата, Alpha 0 користи иновативна технологија на водородни горивни ќелии, а резервоарот од 6 литри е специјално дизајниран во соработка со белгиската компанија Plastic Omnium. Полнењето е брзо бидејќи трае само три минути, иако тоа не е единствената брзина со која оваа машина може да се пофали. Компримираниот водород на возилото му обезбедува домет од 1.000 km, а моќниот мотор од 500hp овозможува максимална брзина од 230 km/h. На „мат“ црната боја на автомобилот, се издвојуваат препознатливи фарови чиј дизајн потсетува на бранови, додека компанијата сеуште не споделила увид во ентериерот. Со оглед дека се поминати сите тестови и исполнети се најстрогите барања за еко мобилноста, следната цел е Alpha 0, на почетокот на на 2022 година да се најде во масовно производство. Првите 1000 автомобили веќе се резервирани.

hopium1

hopium2

hopium3

hopium4

Испрати коментар

Scroll To Top