Насловна / Вести / Електростопанството на Црна Гора со дивиденда за своите акционери во износ од 31 милиони евра

Електростопанството на Црна Гора со дивиденда за своите акционери во износ од 31 милиони евра

Електростопанството на Црна Гора (Elektroprivreda Crne Gore – EPCG), одлучила да им исплати дивиденда на акционерите во вредност од 30,8 милиони евра, од својата нераспределена добивка. На крајот од минатата година EPCG имала добивка од 16,1 милиони евра, а во годината претходно добивката била 28,3 милиони евра.  Одлуката за исплата на дивиденда во износ од 29 еуроценти по акција, е донесена на крајот на јуни. Имено, EPCG одлучиле од вкупната нераспоредена добивка во износ од 59,5 милиони евра, да исплатат дивиденда во вредност од 30,8 милиони евра, додека во фондот за резерви се распоредени 1,6 милиони евра. Највеќе средсва од дивидендата добива државата Црна Гора, бидејќи е сопственик на 88,6% од акциите. Државата ја врати сопственоста врз оваа компанија во 2019 година, откако откупи акции од италијанската A2A.

epcg2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top