Насловна / Дневни Вести / „Стандарт“: Македонија размислува за учество во „Белене“

„Стандарт“: Македонија размислува за учество во „Белене“

belene.jpgСофија – Македонија ја разгледува можноста за учество во изградбата на бугарската нуклеарна централа „Белене“, која моментално е во застој поради недостиг на финансии, пишува бугарскиот весник „Стандарт“.
Повикувајќи се на извори во Владата и во Парламентот во Софија, весникот наведува дека евентуалната позитивна одлука на Скопје да се приклучи во проектот ќе помогне во обезбедувањето средства за доизградба на централата.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека и Србија покажала интерес за пет проценти од акциите, што според него ќе го направи „Белене“ балкански и европски проект. Владата на Бугарија призна дека не успеала да ја убеди Романија да се вклучи во проектот откако главниот инвеститор германската енергетска компанија РВЕ се повлече минатата есен. Изградбата на централата привремено е прекината и интензивно се бараат нови инвеститори.
„Белене“ која е лоцирана на Дунав 180 километри североисточно од Софија почна да ја гради руската компанија „Атомстројекспорт“, а вредноста на проектот беше проценета на четири милијарди евра. Првиот реактор требаше да биде изграден до септември годинава.
Кризата и недостигот на финансиски средства ја принуди Софија да ги забави па дури и запре големите енергетски проекти. Премиерот Борисов неодамна соопшти дека Бугарија би можела целосно да се откаже од нафтоводот Бургас – Алексадрополис и да ја суспендира изградбата на Белена, за потоа да се повлече и да каже дека Софија се уште не донела конечна одлука за судбината на двата проекта. (МИА)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top