Насловна / Дневни Вести / Ќе се контролира работењето за избегнување еколошка катастрофа

Ќе се контролира работењето за избегнување еколошка катастрофа

ekoloska-katstrofa.jpgСкопје – Преку формирање база на податоци индустриските оператори ќе создадат контрола на нивното работење и предупредување од можни ескалации со цел да се избегне еколошка катастрофа.
Тоа е целта на проектот „Интеграција на техничките стандарди на ЕУ во областа на животната средина“ што денеска го промовираше министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи.

 

– Република Македонија ги има транспонирано сите главни директиви на ЕУ што се однесуваат на животната средина, интегрирана контрола на индустриското загадување, оценка на влијанието на животната средина и стратешка оценка на влијанието на животната средина, рече Јакупи.
Според него, овие директиви невозможно е да се имплементираат без соработка на централните институции надлежни за животната средина, локалната самоуправа, индустриските оператори, невладиниот сектор и експертската јавност.
Проектот ќе се одвива две години поддржан од Германската влада преку Германската техничка соработка

 

– ГТЗ со финансиска конструкција од околу 250.000 евра, а ќе биде имплементиран од Министерството за животна средина и просторно планирање. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top