Насловна / Вести / Зорица Зафировска – добитник на наградата „ДЕНЕС 2016“

Зорица Зафировска – добитник на наградата „ДЕНЕС 2016“

Годинешниот добитник на наградата за млад визуелен уметник „ДEНЕС 2016“ ја доби уметничката Зорица Зафировска од Скопје. Наградата ја доделува Центарот за современи уметности – Скопје и ФРУ – Факултет за работи што не се учат Битола/ Скопје.зорица зафировска

Наградата подразбира двомесечен престој во Њујорк во студијата на Residency Unlimited (RU) Inc.  и покривање на сите трошоци за престојот на уметницата како и техничка, кураторска и административна поддршка на кариерата и запознавање на мрежа на уметници и куратори, сето тоа со финансиска поддршка на фондацијата Trust for Mutual Understanding од Њујорк.

Зафировска беше избрана меѓу четворица финалистики: Драгана Заревска (перформанс „Телемама: свечена приредба“), Маја Кировска (дело „Филтер“) и Ана Јовановска (дело „Дома сум“), од страна на  жири комисија во состав: Ана Франговска, историчарка на уметност и кураторка (Македонија), Јованка Попова, историчарка на уметност и кураторка (Македонија), Александра Бубевска, новинарка (Македонија), Иван Ивановски, уметник (Македонија) и Мирослав Кариќ, историчар на уметност и куратор (Србија).

Зафировска се претстави со делото „Споменик на непостоечкото“, создадено во април 2016 година и претставува мермерна плоча со димензии  80цм х 60цм х 30цм.

„Споменик на непостоечкото“ е меморијал на длабоката потреба да се остварат основните законски права и слободи на секоја индивидуа во македонското, но и во светското општество.

Зорица Зафировска (1982, Скопје), дипломирала на УКИМ на Факултетот за ликовни уметности 2000/2005 година во класата на Јован Шумковски и е студент на последипломски културни студии на Институтот Евро Балкан.

Зафировска зад себе има осум самојстојни изложби. Работи на уметнички истражувања во кругот на социјално-општествените тематики, научно-генетските достигнувања  и конзумеризмот. Автор е на публикација  која преку цртеж, стории и сведочења го опфаќа двегодишното истражување на феноменот на трговијата со луѓе на глобално ниво.  За изработка на своите дела користи различни материјали и медиуми, кои се резултат на долготрајни иницијативи и искуства…

Член е соработник на „Фрик банда“, за којашто работи како координатор и селектор на видео-арт програмата на млади македонски автори на дел од програмата во рамките на „Фрик фестивалот“.

Основач и член на „Арт институт“, а исто така и на иницијација „Моми“ со кои и денес излага.

Зафировска живее и работи во Скопје и Абердин.

Испрати коментар

Scroll To Top