Насловна / Вести / БРИКС банката одобри 811 милиони долари во проекти за обновливи извори на енергија

БРИКС банката одобри 811 милиони долари во проекти за обновливи извори на енергија

BRIKS banka za razvoj

Новата развојна банка БРИКС, го одобри првиот пакет кредити во вредност од 811 милиони долари, за четири проекти во Бразил, Кина, Јужноафриканската Република и Индија. Сите овие проекти се однесуваат на развој на обновливи извори на енергија. Одлуката за одобрување на првиот пакет кредити ја донесе одборот на гувернери на банката на маргините на заседанието на Меѓународниот Монетафен Фонд и Светската Банка во Вашингтон.

BRIKS banka za razvoj1

Од вкупно одобрените средства, на Бразил му се одобрени 300 милиони долари, на Кина заем од 81 милион, Индија ќе искористи 250 милиони долари, додека Јужноафриканската Република 180 милиони долари. Се проценува дека планираните проекти во обновливи извори ќе ја намалат емисијата на стакленички гасови за 4.000.000 тони годишно.

Новата развојна банка, т.н БРИКС, ја основаа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република во јули 2015 година, со капитал од 100 милијарди долари. Целта на оваа банка е финансирање на инфраструктурни проекти во земјите во развој.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top