Насловна / Арт и дизајн / Златен тоалет на Кателан во „Гугенјхам“ во Њуорк

Златен тоалет на Кателан во „Гугенјхам“ во Њуорк

Во њујоршкиот музеј „Соломон Р. Гугенхајм“ отворенa е уметничка инсталација, односно тоалет од 18-каратно злато и веднаш се создале редови на љубопитните љубители на уметноста.

Овој тоалет, кој може да се користи, е дело на италијанскиот 55-годишен уметник Маурицио Кателан, кој пред пет години објави дека ќе ја напушти културната сцена, но се врати и тоа со дела од луксузни предмети за бањите.maurizio-cattelan-wc

Тој вели дека со својата работа му одава признание на делото на Марсел Дишан под наслов „Писоар“, кое го претставил како скулптура во 1917 година.

Туристите и другите посетители на музејот мора да платат влез пред да застанат во ред за тоалетот. Билетот чини 15 долари, а изложбата ќе биде отворена неодредено време.maurizio-cattelan

Како што се наведува во објавата на музејот, тоалетот наречен „Америка“, кој е така наречен за да ја потенцира големата опсесија на Американците од богатството и изобилието, нуди искуство на единствена интимност со уметничкото дело.

Порталот Artnews пишува дека на отворањето интервјуирал четири жени кои платиле влезница за златниот тоалет, но рекле оти се исплашиле, се откажале од намерата и го напуштиле без да го користат.

Луѓето што се задолжени за овој тоалет, доколку биде употребен, ќе користат медицински средства и марамчиња, наместо индустриски хемикалии кои вообичаено се користат во јавните тоалети.installation-maurizio-cattelan

Објектот е со големина на една просечна порцеланска тоалетна школка меѓу 32 и 54,5 килограми. Така, според моменталната цена на златото од 1.310 долари за унца, пазарната вредност на оваа тоалетна школка се проценува на околу 1,7 милиони долари.

Музејот очекува голем број посетители, па за овој експонат е одреден специјален чувар со полно работно време за следење како тој е користен од посетителите и да проверува по секоја негова употреба да не е оштетен.

Испрати коментар

Scroll To Top