Насловна / Архитектура / Вака ќе изгледа најголемиот здравствен центар во Канада

Вака ќе изгледа најголемиот здравствен центар во Канада

Со планирани 280.000 квадратни метри, болницата во Монтреал е еден од најголемите проекти од областа на здравството во светот.najgolema-bolnica-vo-kanada-9

Архитектонските фирми CannonDesign и NEUF architect(e)s го претставија проектот на Централната универзитетска болница во Монтреал (CHUM). Со оглед на тоа што три постоечки болници стануваат единствен дел на новиот проект, првата фаза подразбира нивно оспособување за непречена работа на операционите сали и одделите во кои се сместени дијагностика, онкологија и терапевтски сали. Во втората фаза ќе се активираат и канцеларии, конференциски центар и амбуланти.najgolema-bolnica-vo-kanada-6

Во овој огромен комплекс на 22 ката ќе бидат организирани 772 еднокреветни соби за пациенти, 39 операциски сали и повеќе од 400 лаборатории, пишува ArchDaily.najgolema-bolnica-vo-kanada-2

За да се избегне робустноста на масивната форма заради големата квадратура, многубројни јавни простори ќе бидат вткаени во проектот правејќи го транспарентен и гостопримлив. Новиот медицински кампус ќе го красат тринаесет уметнички дела. Овој несекојдневен додаток произледува од барањата на владата на Квебек, 1% од буџетот да се одвои за развој во уметноста. Во овој случај спомнатите еден отсто се надминати, со цел клиниката да обезбеди што похумано опкружување како за пациените така и за вработените. Проектот ќе започне со реализација следната година.najgolema-bolnica-vo-kanada-1 najgolema-bolnica-vo-kanada-4 najgolema-bolnica-vo-kanada-5 najgolema-bolnica-vo-kanada-3 najgolema-bolnica-vo-kanada-7 najgolema-bolnica-vo-kanada-8

 

Испрати коментар

Scroll To Top