Насловна / Архитектура / Жан Нувел го бојкотираше свеченото отворање на париската Филхармонија

Жан Нувел го бојкотираше свеченото отворање на париската Филхармонија

филхармониска-хала-3

Францускиот архитект Жан Нувел презема легални мерки со цел да се дистанцира од својот последен проект за филхармониската сала во Париз. Тој тврди дека објектот не одговара на неговиот оригинален дизајн, со кој победил на конкурс во 2007 година, и побарал од судот да се реновираат вкупно 26 области, вклучувајќи ги парапетите, камините, фасадата, променадата и самата концертна сала.

Додека овие измени не се извршат, тој бара неговото име и слика да се отстранат од сите референци за филхармониската сала. Финалното сослушување е закажано за 16 април оваа година. Со поднесување на обвинението, Жан Нувел воедно го бојкотираше свеченото отворање на салата, што требаше да се одржи во јануари годинава. Во тој контекст вели дека крајниот рок за изградба на објектот бил несовесен, а тоа компромитира и со квалитетот на самиот проект.

филхармониска-хала-1

Еден коментар

  1. Kakva otsteta bi trebal da pobara od nasiot “sud” arh. Mulickovski , za blamazata so negoviot i nasiot BREND objekt Vladata na RM, so unistuvanjeto na avtorskiot trud od nekoj kvazi “arhitekti”, po politicka naracka.

Испрати коментар

Scroll To Top