Насловна / Вести / Зградата на Владата ќе се оградува за 690.000 евра

Зградата на Владата ќе се оградува за 690.000 евра

Vlada-na-RM-1_resizeЗградата на Владата ќе се затвори со ограда. Владината служба за општи и заеднички работи, која управува со тендерските постапки, распиша деновиве оглас на кој се бара фирма која ќе ги изведе „градежните и градежно-занаетчиските работи за оградување на објектот“.

Заинтересираните своите понуди треба да ги достават најдоцна до 21.01. 2015 година до 10 часот, кога ќе се спроведе јавното отворање. Градежните активности според информациите би требало да започнат во февруари-март оваа година.

За оваа намена ќе се потрошат 690.000 евра, со што ќе се зголеми  вкупната сума потрошена за реновирање на владиниот објект во барокен стил. До сега, реновирањето на зградата на Владата чини 16 милиони евра. Владината зграда откако е изградена, никогаш досега немала ограда или некаква друга заштита.

Испрати коментар

Scroll To Top