Насловна / Вести / Зградата кај Мајчин дом е „планирана“ од планери, советот и онака е само гласачка машина

Зградата кај Мајчин дом е „планирана“ од планери, советот и онака е само гласачка машина

Сопственикот на компанијата ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје Фатмир Етеми одржал средба со граѓаните на Аеродром и соопштува: „Се одржа средба на која присуствуваа граѓани и граѓанските активисти од Аеродром. На средбата се дискутираше за изградбата на објектот кај Мајчин дом.
Јас сум тука со вас, бидејќи вашето мислење ми е важно, сакам да ви го објаснам мојот став, се надевам на разбирање и заедничко решение.

Средба 1
Изминатиот период се правеа анализи и се бараа можности за откажување од градбата. Баравме соодветно правно и економски оправдано решение. Прво се направи темелна анализа на достапните парцели за да се замени локацијата. Заклучено е дека во моментов нема соодветна парцела во Аердодром што ни одблиску може да ја компензира вредноста на плацот кај Мајчин Дом. Разгледани се сите опции на цела територија, секако надвор од урбаното јадро.
Имаше обиди да се најде локација и надвор од општината на територија на Градот Скопје, за што има сериозни правни пречки, но реално нема ни соодветна локација. Процедурата за носење нов ДУП или ГУП би траела околу 3 години, што е голема загуба земјаќи ги предвид сите тековни трошоци како месечната рата за кредит инвеститорот го има подигнато за оваа намена.
Ова земјиште е голема инвестиција, плацот е купен со веќе зацртана маркица за градба, согласно сите законски и правни процедури. Ова беше овозможено од претходното раководство на општината. Во случај да се откаже од градбата кај Мајчин дом, Општината би требало да му исплати на г-дин Етеми повеќе од повеќе од 8 милиони евра за досегашните инвестиции и трошоци. Тука се вклучени 5,5 милиони евра трошоци за земјиште и комуналии, трошоци за камати, штети на компанијата за инвестиции, досегашни трошоци за одржување и 184.000 евра секој месец, рата за кредитот подигнат за изградба на овој објект.
Ќе засадиме 150 пораснати дрва, проектот е целосно енергетски ефикасен“.

6
И инвеститорот е во право кога вели дека се испочитувани сите законски и правни процедури кои овозможуваат да се гради овој објект. Но проблемот е како воопшто дошло до формирање на градежно земјиште на таа локација, а предвидениот обејкт со ДУП И10 изработен од „Билд Урбан“ дооел Скопје, има најголема дозволена површина за градење и најголема висина на тој потег на булеварот.
Точно е дека предходниот совет во општината го изгласал ДУП-от. Но не е тајна дека советот нити разбира, ниту може да разбере урбанизам. Гласањето во советот е партиска одлука и се гласа по партиска диртектива. Но пред воопшто да стигне планот до советот на општината прашањето е кој го изработил урбанизмот, кој го одобрил и кој дал позитивно мислељње. Како и секој ДУП така и ДУП И10 е изработен од носител на изработување на урбанистички планови, односно овластен планер, потписник на планска документација и фирма со лиценца за оваа дејност.
Изработувањето на урбанистичките планови се одвива во две фази:
• нацрт на план,
• предлог на план.
На нацртот на планот задолжително се врши стручна ревизија. На урбанистичките планови изработени во форма на нацрт на план се издава мислење, а на урбанистичките планови изработени во форма на предлог на план се издава согласност од Министерство за транспорт и врски.
Тоа значи дека планот ги поминал сите правни процедури, но како и најголем дел од ДУП-овите во Скопје и овој е неодговорно и нестручно направен. Планирањето е одамна сведено на само што повеќе квадрати за инвеститорите, а државата си уфрла како ќе и текне објекти онамо каде има уште некое преостанато државно земјиште, без разлика дали е тоа соодветно за намената. Планерите се само послушници, секогаш барајќи изговор и алиби во правилниците и ГУП-от (кој секако дека е лошо направен). Единствен услов при изработка на урбанизмот е профитот кој е најчесто во спрега инвеститор – планер – началник за урбанизам – градоначалник. И сега дојдовме до работ на провалијата и не знаме какко назад. Јасно е дека не се работи само за зеленило. Општина Аеродром нема да биде ни повеќе ни помалку загадена (а е една од најзагадените) поради овој објект. Тамо е проблем и квадратурата на зградата и сообраќајниот пристапот и дозволената висина и компатибилните намени и паркингот за објектот и соседната локација на која е предвидена Градска болница каде пред околу два месеца заврши конкурсот за објектот и близината на спортскиот центар „Јане Сандански“ кој нема паркинг.

5
Се ова биле должни да го согледаат и градоначалниците и планерите и сите инволвирани во процесот на донесување на ДУП-от. И за да биде трагедијата поголема никој не понесува одговорност, а точно се знае кој планирал, кој ревидирал, кој дал позитивно мислење. Истите планери и натаму „планираат“ истите архитекти во општините одобруваат, Министерство за транспорт дава мислења, а советот и онака е само гласачка машина.
Градоначалникот се истрча, стоејќи пред погрешна локација највуваше дека ќе се справува со лошиот урбанизам и побрза да изјави дека мораториумот во Општина Центар е незаконски.

И што после оваа рашамонијада каде е се со закон дозволено, секој има право, рацете се врзани, урбанизмот е катастрофален и никој не е крив?

Испрати коментар

Scroll To Top