Насловна / Вести / „Зелено Тафталиџе“ против уништувањето на зелените површини

„Зелено Тафталиџе“ против уништувањето на зелените површини

Вечерва (05 јули) од 19 до 21 часот жителите на Тафталиџе организираат собир на кој, уште еднаш, гласно ќе му порачаат на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски дека се против уништувањето на зелените површини во нивната населба.

– Со таа цел и со цел презервација на населбата и општината од масовното бетонирање од, како што велат, урбаната мафија, ќе се оддржи протестен марш со почеток во 19 часот – велат од граѓанската иницијатива „Зелено Тафталиџе“.зелено тафталиџе

Маршот ќе започне на паркингот кај „Асиба“ на улица Лондонска, веднаш потоа ќе се продожи долж улицата Варшавска, поминувајки го СУГС „Георги Димитров“ се до комплексот „Настел“ кој ќе се заобиколи и по улицата Прашка“ планирано е граѓаните да се упатат накај паркот на улица „Букурешка“.

И пред неколку дена, жителите на Тафталиџе организираа собир на кој објаснија дека 25-те повеќекатници кои се во изградба во населбата, се предвидени без да се земат предвид релевантни фактори, неопходни за нормално и непречено секојдневие на граѓаните како што се паркинзи, зеленило, сообраќајна мрежа и квалитет на воздух.

Испрати коментар

Scroll To Top