Насловна / Вести / Зелена револуција: До 2060 година Кина станува јаглеродно неутрална земја

Зелена револуција: До 2060 година Кина станува јаглеродно неутрална земја

Кина, во согласност со Парискиот договор за клима, ќе ги зголеми своите напори за намалување на емисиите на јаглерод диоксид и планира да стане јаглеродно неутрална до 2060 година, рече претседателот на оваа земја, Си Џинпинг.

Тој ги повика другите да се приклучат на „зелената револуција“, а Кина сака да го намали загадувањето до крајот на оваа деценија и да го изгуби неславното прво место на списокот на најголемите загадувачи во светот.

Kina

Кина е најголемиот снабдувач со гас за греење на планетата, но исто така е и светски лидер во обновлива енергија. Во последниве години, зазеде посилни позиции во однос на климатските промени, а Џинпинг вети дека ќе го зголеми својот придонес со донесување посилни мерки на политика и стремеж кон иновативен, координиран, зелен и отворен развој.

Џинпинг сака да постигне неутралност на јаглерод за 40 години, а оваа изјава е историска бидејќи ова е првпат Кина да прави конкретни планови за постигнување нула емисија на СО2, пренесува Енергетски портал.

Kina1

Овие планови се совпаѓаат со резултатите од истражувањето на Меѓународната агенција за обновлива енергија (IRENA), во кое се наведува дека емисијата на јаглерод диоксид ослободена од согорување на фосилни горива може да се намали за 70 отсто до 2050 година и целосно да се елиминира до 2060 година.

За да се постигне ова, учеството на обновливи извори на енергија во примарното снабдување со енергија треба да се зголеми на 65 отсто до 2050 година од нивото од 15 отсто во 2015 година, се вели во извештајот, а пренесува Ројтерс.

Ситуацијата се менува и во Германија, па затоа енергетската компанија RWE, која е најголем емитер на јаглерод диоксид во Европа во 2018 година, објави во официјално соопштение дека ќе биде јаглеродно неутрална до 2040 година.

“Секој извор на енергија има своја ера, сега започна ерата на обновливи извори на енергија“, рече Мартин Шмиц, извршен директор на RWE, додавајќи дека компанијата одвојува 1,5 милијарди евра годишно за понатамошни инвестиции во проширување на капацитетите на обновливи извори на енергија.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top