Насловна / Вести / Започна изградбата на новиот блок во ТЕ Костолац во Србија

Започна изградбата на новиот блок во ТЕ Костолац во Србија

Кинеската компанија CMEC (China Machinery Engineering Corporation) и официјално започна со изградбата на новиот, трет блок во термоцентралата на јаглен Костолац, во Србија со инсталирана моќност од 350 MW, а очекуваното годишно производство на електрична енергија е околу 2,5 милијарди kWh. Вредноста на инвестицијата е 613 милиони УСД. Се работи за прв термоблок кој се гради во Србија по 26 години.

kostolac 1

kostolac 3

kostolac 4

Проектот се реализира врз основа на меѓудржавната спогодба на Србија и Кина за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, потпишан во 2009 година.  Кинеската Exim банка обезбедила 85% од вкупните средства за овој проект, додека остатокот се сопствени средства на  ЕПС (Електропривреда Србије). Аранжнманот со Кина во областа на инфраструктурата вклучува и изградба на пристаниште на Дунав, како и железничка пруга во должина од 18 километри.

Испрати коментар

Scroll To Top