Насловна / Вести / Започна да се гради највисоката кула во светот

Започна да се гради највисоката кула во светот

Фирмата „Емар пропретиз“ во Дубаи започнала со изградба на кула која ќе биде малку повисока од тамошната 828 метри високата Бурџ Калифа, која важи за највисокиот облакодер во светот. Шеикот Мухамед Рашид ал Мактум, премиер и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати и владар на Дубаи, започна со изградба на Кула во центарот на Дубаи.kalatravadubai

„Тоа ќе биде највисоката кула во светот во 2020 година“, стои во соопштението. Фирмата „Емар пропретиз“ уште од април објави дека планира да гради кула повисока од Бурџ Калифа, но тогаш не наведе колку повисока.downtown_1

Според проценките на оваа фирма, изградбата на оваа кула ќе чини околу милијарда долари. По нацртот на шпанско-швајцарскиот архитект Сантијаго Калaтрава, кулата ќе има платформа за посетителите, 18 до 20 спратови за ресторани и хотели, изјави претседателот на „Емар“, Мухамед Алабар.dubai-kalatrava

Испрати коментар

Scroll To Top