Насловна / Архитектура / Банка Live Oak – зграда според потребите на вработените

Банка Live Oak – зграда според потребите на вработените

Live Oak е приватна банка со централа во Вилмингтон, Северна Каролина (САД), која постави мисија да креира најдобри услови за работа за своите вработени. Оваа мисија го креираше првиот концепт за конструирање на нова деловна зграда проектирана специјално за своите потреби. Избран е плац во срцето на Вилмингтон, а архитектите од архитектонското студио LS3P Associates биле предизвикани да креираат проект кој најмалку ќе ја промени или ќе ѝ наштети на околината. perspektiva

При проектирањето, архитектите особено внимание обрнувале на зачувување на постоечките дрвjа и природната околина на планираниот објект, и на зголемување на визуелната конекција на работните простории со надворешноста.fasada-2

Инвеститорите на новиот објект побарале од архитектите да проектираат објект кој ќе биде колку што е можно поприроден, како да постоел на истото место со години, односно како да излегол од самата земја. Еден од најголемите предизвици во проектирањето било, колку може повеќе да се зачува околината, но исто така и да се одбере материјал односно правилниот дрвен вид за најдобро вклопување на објектот со околната природа. За постигнување на овој ефект, архитектите одбрале дрво од видот на чемпреси за фасадата, внатрешните ѕидни облоги и столарските работи. fasada-1

Низ годините, со влијание на надворешните атмосферски влијанија, фасадата ќе добие сивкаста боја која дополнително ќе го камуфлира објектот. Подот е изработен од дабово дрво, обработено со благо затемнување за да создаде контраст на светлиот чемпрес во ентереиерот. Скелетната конструкција е соголена и се гледа во целиот објект. Изработена е од дрвени ламелирани носачи од локалните видови на жолти борови. Под името жолти борови (Southern Yellow Pines) се вбројуваат повеќе видови на бор кои се многу популарни за градење на Северноамериканскиот континент, особено во појужните делови.enterier-5a

Овие видови не случајно често се избираат за градење, бидејќи можат да се најдат во изобилство, и имаат одлични технички карактеристики како конструктивен материјал. Овие дрвни видови се карактеризираат со висока густина, одлични јакосни својства, лесно се обработуваат и имаат димензиона стабилност, но исто така не треба да се заборави и нивната естетска вредност. Овие борови имаат посебна шара на дрвото и пријатна златна боја, што придонесува за архитектонскиот концепт на објектот.enterier-4

Проектот на деловната банка е изработен така што дневна природна светлина може да дојде до сите 3.400 м2 и сите вработени имаат поглед кон надворешната природа. Бидејќи природната светлина и погледот беа клучни во идејните решенија, канцелариските крила се проектирани тенки со внатрешни стаклени преградни ѕидови. Овие крила се поврзуваат во неформален дел за одмор на вработенити, каде има галериски висок плафон и прекрасен поглед кон градот Вилмингтон.enterier-3

Разликата помеѓу ентериерот и екстериерот се намалува и со големите покриени тераси, како на приземното ниво така и на катот. Други позначајни простории во објектот се конференциската сала со педесет седишта, фитнес центар и парк за домашни миленици.

Во прилог на вниманието да не се наруши околната природа е и објектот да се проектира и изработи со највисоките стандарди за енергетска ефикансост и самоодржливост. Во објектот е инсталиран посебен систем за ладење и затоплување на ентериерот, популарно наречен VRF (Variable Refrigerant Flow), додека пак високите стаклени ѕидови овозможуваат голема количина на природна светлина, со што се намалува употребата на осветлување за време на работното време. Понекогаш во различни временски услови светлата треба да се вклучат, но автоматски се гасат кога просторијата е празна повеќе од 10 минути.enterier-2

На надворешните прозорци се поставени движечки алуминиумски плочи за сенка, кои не дозволуваат да се зголеми премногу температурата во внатрешноста. Во дворот, пак, се избрани само автохтони дрвни видови за садење кои најдобро можат да виреат со најмалку одржување и трошоци.enterier-1

Испрати коментар

Scroll To Top