Насловна / Вести / Заоблен челичен мост на Diller Scofidio + Renfro во Колорадо

Заоблен челичен мост на Diller Scofidio + Renfro во Колорадо

Американското проектантско биро Diller Scofidio + Renfro го заврши заоблениот челичен мост, Park Union Bridge, од 76 метри во Колорадо Спрингс.

3_resize

Мостот го поврзува комплексот на олимпискиот и параолимпискиот музеј на САД, проектиран од Diller Scofidio + Renfro, Anderson Mason Dale и KL&A, а кој е отворен во 2020 година.

14_resize

Наречен мост Park Union, закривената конструкција достигнува височина од 7,6 метри и лебди над шини. Новиот пешачки мост ги поврзува паркот America the Beautiful Park со центрот на Колорадо Спрингс.

9_resize

10_resize

Со тежина од 550 тони, дизајнот на мостот, кој има лебдечка форма во воздухот, е инспириран од движењето на спортистите кое пркоси на гравитацијата.

Дизајнот на мостот е составен од два меѓусебно поврзани јазли, кои се протегаат од двете страни на шините и ги поврзуваат музејот и паркот. Ноќе, кога е осветлена, патеката и формата на мостот се истакнуваат уште повеќе. Посетителите минуваат низ окулусот кој го врамува погледот кон музејот и фонтаната Penrose во паркот.

8_resize

1_resize

2_resize

„Мостот е вежба за способност – и од аспект на материјали и од геометрија. Систем на  хибридна челична конструкција функционира како лак и носач, елегантно зачувувајќи ги погледите од центарот на градот кон величествените планини Rocky Mountains и Pikes Peak”, вели Benjamin Gilmartin, партнер и водечки проектант во DS+R и додава: „Елементите на дизајнот вклучуваат лифт, скали, место за велосипеди и поглед кон западниот крај на мостот“.

13_resize

11_resize

Како што објаснуваат од  DS+R, мостот, исто така, обединува растечка мрежа на пешачки и велосипедски патеки.

Мостот е префабрикуван и склопен од King Fabrication во Хјустон, Тексас, а комплетната монтажа е спроведена во мај 2020 година за да се обезбеди континуирана геометрија.

7_resize

6_resize

Површината на патеката е направена од бетон со парапети, и се одликува со архитектонски завршетоци, со кабли од не’рѓосувачки челик.

Целиот елемент од 300 тони поставен е на своето место користејќи самоодни модуларни транспортери за да се постават целиот мост на неговите потпори во времетраењењ од осум часа, за да се скрати времето на прекин на железничките линии.

0_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top