Насловна / Вести / Љубљана на пат да стане првиот европски град без отпад

Љубљана на пат да стане првиот европски град без отпад

Денес во Љубљана се одлага скоро 80% помалку отпад отколку пред 10 години, со што градот се вбројува во врвот кога станува збор за рециклирањето. Љубљана е првиот европски град кој се обврзал дека ќе стане град без отпад (zero-waste), пишува Guardian. Но, пред 15 години, целокупниот отпад одел право на депонија.

ljubljana1

Селекцијата во собирањето на био отпадот до 2023 година ќе стане законска обврска во цела Европа, но Љубљана се развивала во овој правец многу порано. Имено, се започнува уште во 2002 година со одвојувањето на хартија, стакло и пластика во контејнерите покрај улиците.Четири години подоцна, започнува собирање на биоразградлив отпад од врата на врата. Во 2013 година, секое домаќинство во градот добива канти за одлагање на пластика и хартија. Со тоа, зaчесетноста во одвозот на сметот се намалува за половина, со што граѓаните уште повеќе биле поттикнати да го селектираат отпадот.

ljubljana2

Се разбира резултатите се импресивни. Во 2008 година градот рециклирал само 29,3% од отпадот и заостанувал зад другите градови во Европа. Денес, тој процент е 68%, а на депониите се одведува речиси 80% помалку отпад. Денес Љубљана генерира 115 килограми отпад по глава на жител годишно и е во самиот европски врв. Европски град со најмалку отпад е Тревизо во Италија со 59 килограми годишно.

Понатаму, развојот на најмодерната фабрика во Европа за третман на биолошки отпад беше голем чекор за градот во напорите да се постигне 75% стапка на рециклирање до 2025 година. Регионалниот центар за управување со отпадот отворен е во 2015 година и денес опслужува 1/4 од Словенија, произведува електрична и топлинска енергија, ѓубриво за градини, рециклира 95% од отпадот, додека само 5% завршува на депонија.

ljubljana4

Но, не се работи само за преработката и рецилирањето на отпадот. Како резултат на системската и организирана работа со граѓаните во делот на превенција, свеста за постапувањето со отпадот е на многу високо ниво. Љубљана има два центри за рециклирање на отпад од домаќинствата, каде што граѓаните можат да го одлагаат отпадот. Бидејќи тие центри дневно примаат по околу 1000 посетители, планирано е отворање уште на најмалку три. Исто така, тренд во градот е отворање на zero-waste продавница. Во старото јадро на градот, каде нема доволно простор, инсталирани се 67 контејнери под земја. Тие се отвораат со картичка која ја добиваат станарите.

ljubljana3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top