Насловна / Екологија / Загадувачите финансираат зелени проекти

Загадувачите финансираат зелени проекти

CO2 emissions
Европската Унија за прв пат преку продажба на кредити за емисија на јаглерод диоксид, ќе финансира проекти кои помагаат во борбата против климатските промени. Вкупно ќе бидат финансирани 19 проекти во 12 земји, благодарение на кои ќе се зголеми производството на енергија од обновливи извори. За избраните проекти ќе бидат издвоени една милијарда евра, а се очекува на оваа сума да се надоврзат и приватни инвестиции од 900 милиони евра. Реализацијата на проектите ќе придонесе и за намалување на средствата што ЕУ секојдневно ги издвојува за увоз на фосилни горива.

Системот за трговија со емисии на ЕУ (EU ETS) воспоставен во 2005 година, го утврдува максимумот за вкупната количина гасови со ефект на стаклена градина кои можат да бидат емитувани од страна на 12.000 фабрики, електрани и други погони ширум ЕУ.

Испрати коментар

Scroll To Top