Насловна / Вести / Загаденоста на реките со антибиотици, алармантна и за регионот?!

Загаденоста на реките со антибиотици, алармантна и за регионот?!

Загадувањето на повеќе реки во Индија и Кина со состојки од антибиотици, веќе е сериозен проблем години наназад, а како најодговорна за оваа состојба се посочува фармацевстката индустрија во овие земји, како и лошото управување со отпадните води. Штетата од оваа појава е повеќектарна – освен последиците по животната средина,  сериозен е и повратниот ефект врз самата фармацевстска индустрија и генерално врз јавното здравје, бидејќи антибиотиците кои завршуваат како отпад овозможуваат создавање на многу резистентни супербактерии. Многу глобални сектори имаат корпоративни платформи со цел приклчување кон предизвиците на одржливиот развој. за жал, во факмацевстката индустрија само 12% од 140-те најголеми глобални компании се вклучени во оваа иницијатива.

antibiotic 4

Од неодамна, проблемот на загаденоста на реките со антибиотици се актуелизираше и во регионов, откако Институтот „Руѓер Бошковиќ“ од Хрватска, објави дека реката Сава е загадена со антибиотици, и тоа 100 пати над дозволеното ниво. Во Србија јавноста е загрижена, но министерот за заштита на животната средина на Србија, Горан Триван, тврди дека нема простор за загриженост. Антибиотиците завршиле во реката преку отпадните води, но не е лоциран некој конкретен голем загадувач. Министерот за српските  медиуми изјавил дека „се работи за сложено прашање не само за фармацевтската индустрија и медицината, туку и за земјоделството. Сава е само последица, а треба сите да се запрашаме каде и колку се користат антибиотиците, и во производството на храна и во одгледувањето на стоката“

antibiotics 2

Испрати коментар

Scroll To Top