Спортскиот комплекс на новиот кампус од Универзитетот Тијанџин во Кина е лоциран во северниот дел и се состои од два објекта – спортска сала и нататориум (затворен пливачки базен).


Јавните простори кои ги поврзуваат овие два објекта се споени со мост кој се протега од влезниот дел преку целата зграда.

Комплексот е оптимално проектиран во склад со мултифункционалноста, има закривена покривна површина и надворешни ѕидови од зајакнат бетон, под која објектот одлично се вклопува во опкружувањето и овозможува максимална искористеност на дневната светлина.



Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија