Насловна / Вести / Забраната за автомобили на дизел и бензин е само прв чекор – следуваат уште поригорозни мерки

Забраната за автомобили на дизел и бензин е само прв чекор – следуваат уште поригорозни мерки

Откако минатата недела европските парламентарци ја изгласаа забраната за продажба на автомобили со дизел или бензински мотори од 2035 година, се поставува прашањето до каде еколошки свесните политичари се подготвени да одат, бидејќи веќе се пласира тезата дека климатските промени нема да бидат запрени доколку не се ограничи правото на располагање со лични возила. Тоа е целосно нова димензија на зелените политики која влегува во зоната на редефинирање на правото на приватна сопственост.

mining1

 

Конзорциум од калифорниски професори под закрилата на Climate Community Project инсистира на тоа дека зголемувањето на бројот на електрични возила нема само по себе да ја реши климатската криза. Сметаат дека одлучното намалување на штетните емисии може да се постигне само со драстично намалување на мобилноста и рударството. Во јануари 2023 година, Climate Community го објавила трудот „Постигнување на нулта емисиии со поголема мобилност и помалку рударење“ во кој се претставуваат низа проценки или сценарија, при што клучната порака е дека успешното сценарио за декарбонизација мора да вклучува ограничување на сопственоста на возилата.  Клучниот проблем професорите го дефинираат на слениот начин: „Клучниот аспект на електрифицираниот транспорт е новата побарувачка за метали, посебно неопходниот метал за батерии за електрични возила – литиумот. Доколку денешната побарувачка за електрични возила е проектирана до 2050 година, потребите од литиум само на американскиот пазар би биле три пати повисоки од денешните на глобално ниво. Тоа ќе доведе до драматична експанзија на рударењето“.

mining2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top