Насловна / Вести / За две години нови водоводни системи во неколку охридски села

За две години нови водоводни системи во неколку охридски села

novi vodovodni cevki vo ohridki sela
Во текот на наредните две години неколку охридски села ќе добијат нови водоводни системи. Ова е предвидено во рамки на „Програмата за изградба на системи за водоснабдување од 2014 до 2016 година“, која ја изготви Општина Охрид.

Според планираното, со средства од општинскиот буџет ќе се финансира изградбата на нови водоводни линии во селата Велгошти, Горно Лакочерај, Вапила и Лавоишта, а со кредит на Светска Банка ќе се изврши целосна реконструкција и доизградба на водоводна мрежа во село Лескоец.

Освен селските населби, нов водоснабдителен систем ќе биде изграден и во населбата Елшани, а нова водоводна мрежа ќе добијат и улиците „Сирма Војвода“, „Абас Емин“, „Јане Сандански“ и „Ванчо Питошески“.

За  поефикасно  одржување  на  јавните  парковски  површини во градот, во програмата е предвидено и поставување на нов систем за наводнување на сообраќајната клучка на влезот во Охрид, на улицата „Железничка“ и на кружните крстосници.

Испрати коментар

Scroll To Top