Насловна / Вести / Обновено е детско игралиште во Ченто

Обновено е детско игралиште во Ченто

detsko igraliste vo cair
Во населбата „Ченто“ во општината „Гази Баба“ е обновено детското игралиште на улицата „Сава Михајлов“.

Реконструирани се детско-забавните реквизити и дел од нив се заменети со нови, а обновени се и урбаната опрема, клупите и кантите за отпадоци.

Исто така, општината „Гази Баба“ во изминатиот период постави и метален гелендер на скалите кај последната автобуска постојка на број 45 на улицата „Антон Попов“ во населбата „Ченто“, кој ќе овозможи побезбедно движење на минувачите по овие скали, а особено за старите лица. Работите ги изведуваше фирмата „МЗТ ИРИ“ од Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top