Насловна / Вести / За да се справи со урбаната топлина, Лос Анџелес ги бојосува услиците со специјална сива боја

За да се справи со урбаната топлина, Лос Анџелес ги бојосува услиците со специјална сива боја

LA-ulici-boenje

Градот Лос Анџелес се бори со климатските промени на разни начини. Најнов проект во низата е бојосувањето на градските улици со специјална боја која може да го намали ефектот од постојаниот пораст на амбиенталните температури особено во урбаните подрачја. Имено, познато е дека црната боја ги апсорбира сите бранови должини од светлината која се претвора во топлина.

LA-ulici-CoolPavementDiagram

Градовите со големи површини на црни асфалтни улици, како на пример Лос Анџелес сериозно го чувствуваат овој ефект кој придонесува за феноменот на т.н „топли урбани острови“. За да се спротистави на овој ефект, Лос Анџелес користи светло сива боја наречена CoolSeal.

Лос Анџелес е лидер во САД по својата борба против климатските промени. Во јуни годинава, градоначалникот Гарсети и градскиот совет усвоија некои од принципите од Парискиот климатски договор и ги инкорпорираа во легислативата на градот, и покрај  ставот на Трамп и републиканската администрација за излегување на САД од овој Договор.

LA-ulici

Градот има за цел да ја редуцира температурата во градот за три степени во текот на следните 20 години. Се разбира, покрај бојосувањето во акцискиот план за постигнување на оваа цел има многу мерки меѓу кои и масовно засадување на дрвја.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top