Насловна / Вести / Pentatonic прави мебел од лименки, скршени телефони…

Pentatonic прави мебел од лименки, скршени телефони…

Start-up компанија Pentatonic има за цел да ја спаси планетата Земја.

Креативниот двоец Џејми Хол и Џоан Бодекер Bodeker, основачи на Pentatonic, имаат мошне амбициозна цел – трансформација на потрошувачката култура.пентатоник_4

Нивната идеја е да произведуваат мебел и опрема за дома направени од рециклирани материјали. И тоа не само од вообичаените материјали како пластика, метал или текстилни отпадоци, но, исто така, и од од храна, догорчиња од цигари или неисправни мобилни телефони.

„Во зависност од тоа каков производ ни треба, ние избираме отпад и технологија од кои ќе го направивме”, изјавиле од Pentatonic.пентатоник_3

Мебелот е дизајниран така што елементите меѓусебно се вклопуваат без употреба на било алатки, како и токсични лепила или смола, што уште повеќе го минимизира отпадот и употребата на штетни супстанци, пишува Dezeen.

Суштината е дека производите што ги произведуваме не мора да бидат создадени за да ја загрозуваат планетата Земја.

Инвестирајте во ѓубре

Според британскиот „Телеграф“, компанијата има добиено 4,3 милиони фунти пред да започнат со производство, а меѓу главните инвеститори е Miniwiz, тајванско-германската компанија посветена на изнаоѓање на нови примени на отпаден материјал и на намалување на неговото влијание врз животната средина.пентатоник_1

Компанијата Pentatonic ќе ја презентира својата иновативна колекција на мебел од рециклирани материјали на овогодинешниот фестивал London Design, кој ќе трае од 16 до 24 септември 2017 година.пентатоник_2

Испрати коментар

Scroll To Top