Насловна / Вести / Второ издание на проектот „Уметност на билборд“

Второ издание на проектот „Уметност на билборд“

umetnosta-na-bilbord-2-3

Почна новото издание на проектот „Уметност на билборд 2“ во организација на Институтот за уметност и култура „Арс акта“ од Скопје. На различни билборд-локации низ Скопје, поставени се осум уметнички решенија.
Темата на овогодишниот настан е „Прокрастинација“.

umetnosta-na-bilbord-2-6

Целта на „Арс акта“ со изборот на оваа тема е да се проникне во суштината на оваа појава, како мошне чест феномен во македонското современо живеење, преку импакт врз актуелната уметничка сцена, а за таа цел ќе го користи како медиум форматот на билборд плакат.
Оваа општочовечка особина, според организаторите, претставува една вткаена и веќе нашироко распространета постапка кај нас во Македонија, па затоа локалната оправданост за изборот на концептот нè доведе до разгледување на минатото и креирање на идентитетот согледани преку себереференцијалноста, нивото на свесност, односот кон перфекционизмот, филозофијата на малите народи и друго.

umetnosta-na-bilbord-2-7

Потоа, како можни причини за појавата на прокрастинација се наметнуваат неминовно и социо-општествените услови во Македонија, фамилијарната меѓузависност, несистематичноста, едукацијата, воспитувањето; политичкото уредување, еднопартискиот ситем, плурализмот, слободата на говор, стигматизацијата, авто-цензурата, итн.

umetnosta-na-bilbord-2-5
Куратори на концептот се Бојана Јанева-Шемова и Ана Франговска. На овој проект се поканети девет македонски афирмирани куратори (како ко-куратори на Арс Акта), избрани со цел да дадат индивидуален одговор на предложениот концепт со избор на еден автор со едно дело.umetnosta-na-bilbord-2-8 umetnosta-na-bilbord-2-4 umetnosta-na-bilbord-2-2 umetnosta-na-bilbord-2-1

Учесници на проектот „Прокрастинација-Уметност на билборд 2“ се:
– Соња Абаџиева (ко-куратор) – Зоран Георгиев (уметник)
– Ивана Васева (ко-куратор) – Филип Јовановски (уметник)
– Билјана Исијанин (ко-куратор) – Мирна Арсовска (уметник)
– Владимир Јанчевски (ко-куратор) – Игор Тошевски (уметник)
– Мелентие Пандиловски (ко-куратор) – Лучезар Бојаџиев (уметник)
– Нада Прља (ко-куратор) – Велимир Жерновски (уметник)
– Маја Чанкуловска-Михајловска (ко-куратор) – Ирена Паскали (уметник)
– Арс акта (Ана Франговска, Бојана Јанева-Шемова – куратори) (Радмила Ончевска, Борис Шемов, Игор Сековски – уметници).
Проектот е финансиран и е дел од годишната програма на Министерството за култура на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top