Европската вселенска агенција (ESA) го лансираше сателитот BIOMASS, кој во наредните години за прв пат во историјата прецизно ќе ја мери количината на биомаса во светските шуми. Оваа информација е клучна за разбирање на климатските промени. BIOMASS е дел од програмата Copernicus, најголемата европска иницијатива за следење на Земјата од вселената. За разлика од досегашните методи кои се потпираат на обични слики од вселената, BIOMASS користи специјален радар кој може да „гледа“ под крошните на дрвјата и така да ја анализира вистинската количина на биомаса – стебла, гранки и сл.

Принципот е сличен како кај CT скенерот во медицината: со емитување на радарски импулси од повеќе агли се добиваат тродимензионални слики на шумската структура. Овие податоци ќе бидат од огромно значење за научниците кои ги истражуваат климатските промени, деградацијата на земјиштето и шумските пожари. Истражувачите од TU Wien веќе користат напредни методи за проценка на влажноста на тлото и промената на вегетацијата, а новите сателитски снимки дополнително ќе им ги прошират можностите.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија