Насловна / Архитектура / Практични решенија за одвод на атмосферските води, со каналите од програмите на GRASPOINTNER и ASOPLAST

Практични решенија за одвод на атмосферските води, со каналите од програмите на GRASPOINTNER и ASOPLAST

Одводните канали денес се потреба и составен дел од секој проект за ефикасно управување со површинските води кај урбаните објекти. Низ годините, производителите на одводни канали ја доусовршија нивната примена и ги направија практични и едноставни за монтажа, со посебен акцент на нивната трајност и естетика.

БЦА во својата продажна програма за напредни градежни решенија, повеќе од 15 години го застапува австрискиот бренд Graspointner, како и италијанскиот Asoplast, водечки производители на бетонски и пластични одводни канали.

Што всушност претставуваат површинските одводни (дренажни) канали.

Одводните канали се поставуваат на површини каде што се собира дождовна или отпадна вода – дворови, паркинзи, пешачки патеки, индустриски и магацински површини, патишта итн. Тие овозможуваат контролирано собирање и одвод на водата, спречувајќи непредвиден тек, поплави, ерозија или оштетувања на објектите.

Типови на канали и нивните предности

  • Бетонски канали Graspointner: Изработени од издржлив бетон зајакнат со фибри, тие се отпорни на големи товари и агресивни надворешни влијанија. Идеални се за сообраќајни површини и индустриски зони каде е потребна голема механичка отпорност. Секако, дел од нивните модели на бетонските канали се погодни и за примена кај партерните уредувања во приватните домови или викенд куќи.

Пластични канали Asoplast: Лесни, но цврсти, погодни пред сe за домашна но и комерцијална апликација. Нивната предност е во малата тежина и нивната практичност за транспорт и монтажа по принципот „сам свој мајстор“

 

 

ШТО Е ЗАЕДНИЧКО:

Сите канали се опремени со метални решетки (по избор: поцинкувани или инокс), кои обезбедуваат безбедност при одење и возење и се лесни за чистење и одржување.

Лесна монтажа – без потреба од специјализирана опрема!

Системите за одвод се дизајнирани за едноставна и брза инсталација. Потребно е само да се ископа соодветна траса, да се постави основа (бетонска или песочна) и да се вметне каналот. Благодарение на прецизното спојување, гарантирана е стабилноста и водонепропустливоста.

НИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

  • Лежишта за шрафови: Секој канал поседува лежишта за поставување шрафови, затворени со специјална дијафрагма што се отвора само доколку е неопходно – со што се спречува навлегување на вода која не доаѓа од каналот.
  • Спојка нут и федер: Овој систем овозможува брзо и сигурно спојување на каналите со однапред монтирани решетки, со што се заштедува време и се овозможува едноставно, прецизно и лесно прицврстување без дополнителна обработка.
  • Одводи Ø до 250 mm: Каналите се опремени со странични и вертикални одводи (особено кај моделот Magnum), кои може да се поврзат со одводната мрежа за само неколку минути – едноставно, прецизно и без комплицирана монтажа.

КАДЕ СЕ ПРИМЕНУВААТ:

  • Урбани површини (улици, тротоари);
  • Приватни дворови и гаражи;
  • Спортски терени;
  • Индустриски и логистички зони;
  • Паркинзи и бензински пумпи.

Со долгогодишно искуство и партнерство со водечките европски брендови Graspointner и Asoplast, БЦА нуди проверени и квалитетни решенија за секоја намена. Контактирајте нè за техничка поддршка, понуда или совет, тука сме да ви помогнеме во изборот на најдоброто одводно решение.

Повеќе информации на телефон: 02 2031 424 или на веб страницата www.bca.mk.

*Комерцијален текст

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top