Насловна / Архитектура / Вратен автентичниот лик на фасадата на гевгелиската библиотека „Гоце Делчев”

Вратен автентичниот лик на фасадата на гевгелиската библиотека „Гоце Делчев”

Gradska_Biblioteka_Goce_Delcev_vo_Gevgelija_2
Фасадата на куќата каде што е сместена библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија го доби автентичниот лик по реставрацијата и конзервацијата, што во 2013-та ја изврши стучен тим од Заводот и музеј Струмица. Обновениот објект, кој датира од крајот на 19 век, а од пред десет години е споменик на културата, беше меѓу 250-те објекти од програмата на Министерството за култура за реставрација на фасади од стара градска архитектура.

Неа денеска ја посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која информираше дека со скоро 6 милиони денари е направена целосна дренажа на објектот, заменета е покривната конструкција, дрвените прозорци и врати и декоративните елементи на фасадата по кои оваа куќа отсекогаш била препознатлива за Гевгелија.

- Задоволство ми е што објектот си го доби вистинскиот архитектонски сјај што го поседува. Оваа година ќе продолжиме и со вториот дел – средување на ентериерот. Тоа е помала интервенција која Министерството за култура заедно со надлежната институција ќе ја заврши оваа година, – истакна Канческа-Милевска.

Објектот функционира како библиотека по Втората светска војна, а претходно  имал други намени и различни сопственици.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top