Насловна / Вести / Волшебна европска земја која не постои на карта

Волшебна европска земја која не постои на карта

Малкубројни се луѓето што слушнале за земјата меѓу Кавказ и Црното Море, а причината е што како држава не може да се најде на картата – затоа што не постои.

Поранешната автономна советска социјалистичка република во границите на Грузија – Абхазија – прогласила независност во 1992 година и беше признаена од Русија, Никарагва, Венецуела, Науру, Јужна Осетија и Приднестровје.

zemja

Меѓународните организации како ООН, Европската комисија, ОБСЕ, НАТО, Светската трговска организација, Советот на Европа и повеќето суверени држави ја признаваат Абхазија како дел од Грузија, пишува Pun Kufer.

Главен град на Абхазија е Сухум или Сухуми, крајбрежен град сместен на источниот брег на Црното Море. Во времето на поранешниот Советски Сојуз, Абхазија била омилено летно одморалиште љубителите на прекрасната природа, а Сухум исто така било задолжителна станица за застанување.

zemja1

Остатоци од римски sидови, тврдини и замоци, како и мостот Беслет од 12 век и ботаничката градина со повеќе од 5.000 растителни видови од 1840 година се само некои од атракциите на тој град.

На околу 70 километри од Сухум се наоѓа планинското езеро Рика. Освен што е сцена за паметење сама по себе, возењето до неа преку Кавказ е вистински спектакл.

zemja2

Цело време минувајќи низ густи шуми и покрај водопади, туристите доаѓаат со автомобил или автобус до 950 метри надморска височина на кое се наоѓа езерото, опкружено со планини кои се издигаат до 3.500 метри.

zemja3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top