Насловна / Вести / Volkswagen, Stellantis и General Мotors, ќе користат литиум од геотермалните води за производство на батерии за електричните возила

Volkswagen, Stellantis и General Мotors, ќе користат литиум од геотермалните води за производство на батерии за електричните возила

Водечките производители на автомобили Volkswagen, Stellantis и General Мotors (GM), ќе користат литиум од геотермалните води за производство на батерии за своите електрични возила. Оваа метода има многу помали негативни влијанија врз животната средина, во споредба со класичното рударење во пустините и рудниците. Технологиите за екстракција на литиум од геотермалните води сеуште се во фаза на развој, но обврзувачките договори за испорака од 2026 година кои ги потпишале овие компании, потврдуваат дека се многу блиску тие да станат економски исплатливи. Производителите на автомобили нагласуваат дека станува збор за методи кои се одржливи, не се штетни за животната средина и не емитуваат јаглерод диоксид. Истакнуваат и дека се работи за домашно производство на литиум, што за нив е особено важно, бидејќи денес главно тој се произведува во Кина, а рудниците се лоцирани првенствено во Јужна Америка и Австралија.

lithium1

 

Инаку, австралиската компанија Rio Tinto во Србија има намера да отвори рудник за јадарит и да произведува литиум, но на тоа се противат голем број граѓани и стручната јавност. Поради донесувањето на т.н. „литиумски закони“, со цел олеснување на спроведувањето на проектот, граѓаните во изминатите седмици во текот на викендот ги блокираат патиштата ширум Србија.

lithium2

 

Volkswagen и Stellantis потпишале договори со германската фирма Vulcan Energy Resources, а GM со американската Controlled Thermal Resource, што и не е изненадување, со оглед дека Германија и САД предничат во развојот на овие нови технологии, а имаат и литиум во геотермалните води. Уште еден интересен факт е дека овие технологии се поврзани и со производството на електрична енергија во геотермалните електрани, со што се намалуваат трошоците.

lithium3

Volkswagen и Stellantis потпишале договори со Vulcan Energy Resources петгодишен договор со почеток на испораката на литиум хидроксидот за батерии за електрични автомобили од 2026 година. Volkswagen ќе купи помеѓу 34.000 и 42.000 тони, a Stellantis помеѓу 81.000 и 99.000 тони во текот на траењето на договорот. Volkswagen соопшти дека Vulcan развива проект за производство на литиум без емисии CO2 во долината на Горна Рајна, користејќи локални и со литиум богати геотермални води. Zero Carbon Lithium проектот има за цел воспоставување на одржлив и регионален извор на литиум од најголемото европско наоѓалиште, при што процесот не бара фосилни горива ниту базени за испарување како во традиционалните постапки.

lithium4

И американскиот гигант GM се одлучи за сличен проект во Калифорнија. Имено, соленото езеро Салтон, на југот на оваа сојузна американска држава, има потенцијал од 600.000 тони литиум годишно, што е количина поголема од една третина од целата потрошувачка во САД. Соленото езеро е всушност богато со геотермална вода, која електраните веќе ја користат за производство на електрична енергија. GM потпиша договор за стратешка инвестициска и комерцијална соработка со Controlled Thermal Resources, со цел да си обезбеди локален и евтин литиум. Литиумот ќе се добива преку директна екстракција, која има помало влијание врз животната средина, без производство на јаловина и со пониски емисии на CO2 во споредба со традиционалните процеси.

lithium6

lithium5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top